Vrabotuvanje.com - Осломеј во време на енергетска криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства
Share
Tweet
Share
Send to friend

Осломеј во време на енергетска криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства

Ова е првата енергетска транзиција на електраната на јаглен во чиста енергија во регионот и овој капацитет од загадувач ќе се произведува чиста енергија.

Осломеј во време на енергетска криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства

Од оваа фотонапонска централа во време на енергетската криза ќе обезбедува енергија од домашно производство за 2.800 домаќинства во Кичево и регионот, односно вкупното годишно производство ќе изнесува од 15 до 17 гигават часови електрична енергија.

“Целосно сме посветени на развивање на политики кои ќе придонесат кон енергетска транзиција, преку нови инвестиции во обновливи извори на енергија и потикнување на енергетската ефикасност. Само преку енергетската транзиција, можеме да ја потикнеме заштитата на животната средина” рече министерот.

Министерот исто така најави дека по десет години целосно ќе преминеме на производство на електрична енергија од обновливи извори, односно ќе престане производството на јаглен.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more