Vrabotuvanje.com - Фудбалските ѕвезди и инфлуенсерите добиваат забрана да рекламираат коцкање во Велика Британија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Фудбалските ѕвезди и инфлуенсерите добиваат забрана да рекламираат коцкање во Велика Британија

Фудбалерите, славните личности и инфлуенсерите на социјалните медиуми нема да смеат да рекламираат коцкање според новите правила кои се носат во Велика Британија.

Фудбалските ѕвезди и инфлуенсерите добиваат забрана да рекламираат коцкање во Велика Британија

Според овие новини, било кои славни личности, кои се популарни кај младите нема да смеат да се појавуваат во реклами за оваа дејност.

Дополнително се забранува во овие реклами да се прикажуваат дресови на фудбалски тимови, стадиони или пак содржини од видеоигрите популарни кај младите под 18 години.

„Нема повеќе фудбалски ѕвезди или други славни спортисти кои ќе ги промовираат последните коефициенти за обложување. Нема повеќе инфлуенсери на социјалните мрежи, телевизиски ѕвезди или други славни личности популарни кај децата да повикуваат да се обложите на „црвено“. И нема повеќе реклами за коцкање со слики од видеоигри или други содржини познати кај многу деца“, вели директорот на Комитетот за рекламни правила.

Во Велика Британија постои гласно спротивставување на рекламите за коцкање меѓу дел од политичарите, родителите и активистички групи кои ја подигнуваат свеста за зависноста од коцкањето.

извор: radiomof.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more