Vrabotuvanje.com - Албанија го легализира канабисот за медицински цели
Share
Tweet
Share
Send to friend

Албанија го легализира канабисот за медицински цели

Албанија ќе им се придружи на земјите каде канабисот е легализиран за медицински цели.

Албанија го легализира канабисот за медицински цели

Најава за тоа дојде од премиерот при презентирањето на резултатите од електронски спроведената национална консултација на која на повеќе прашања одговараа албанските граѓани во и надвор од замјата.

Според резултатите, од над пола милион граѓани, кои се вклучиле во анкетата, 60 отсто гласале „за” легализација на канабисот за медицински цели, додека 29 отсто биле против.

– Ќе го легализираме канабисот за медицинска употреба, што значи отворање нови работни фронтови, со цел економски раст. Тоа што го кажаа граѓаните ќе се направи, рече премиерот.

Албанија според сите релевантни институции се смета за најголем производител на канабис не само во регионот, туку и во Европа.

извор: lokalno.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more