Vrabotuvanje.com - Костал Македонија ќе произведува полначи за електрични хибридни возила за Фолксфаген
Share
Tweet
Share
Send to friend

Костал Македонија ќе произведува полначи за електрични хибридни возила за Фолксфаген

Полначи за електрични хибридни возила од групацијата „Фолксваген“, од средината на 2024 година ќе се произведуваат во компанијата Костал во Охрид.

Костал Македонија ќе произведува полначи за електрични хибридни возила за Фолксфаген

Доброто работење на компаниите како Костал, кои својата доверба за развој ја даваат токму во нашата земја и ги шират своите операции и вредносни ланци тука.

Генералниот директор на Костал, појасни дека од средината на 2024 година планираат да ги произведуваат сите системи на полначи, кои се ставени – монтирани внатре во возилата на групацијата „Фолксваген“. Тука ќе влезат „фолксваген пасат“, „шкода октавија“, „ауди“, „порше… “, сите хибридни возила и идните системи кои ќе ги користат, ќе бидат произведени во Костал во Македонија.

„Досега Костел има вложено над 100 милиони евра, а за новата инвестиција планот е да инвестираат нови 25 милиони евра и 200 дополнителни вработувања, со потенцијал да биде зголемена на 40 милиони евра и 350 нови вработувања. Тоа ќе биде нешто што ќе биде одлучено во нашите разговори со „Фолксваген“ во следните две до три недели и тоа значи дека ова ќе биде технолошки најсофистицираниот производ кој се произведува во рамките на Костел групацијата и ќе се произведува за Европа токму овде“, изјави генералниот директор.

Тој посочи дека размислуваат и за други други дејности во рамки на Костел Групацијата кои се надвор од автомобилската индустрија.

Придружете ни се во тимот! 

Моментално компанијата нуди 15 активни позиции за работа. Сите детали и аплицирање за истите, погледнете ги на ЛИНКОТ.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more