Vrabotuvanje.com - Mastercard ја издаде првата платежна картичка која поддржува крипто
Share
Tweet
Share
Send to friend

Mastercard ја издаде првата платежна картичка која поддржува крипто

Крипто банката Nexo соопшти дека се здружила со глобалната компанија за плаќања Mastercard за да ја лансира во среда, како што ја нарекува, првата платежна картичка во светот со „крипто-поддршка“.

Mastercard ја издаде првата платежна картичка која поддржува крипто

Најновиот потег на крипто и актуелните финансиски мрежи да ги здружат силите се случува додека дигиталните средства стануваат сѐ по мејнстрим.

Од Nexo изјавија дека картичката, првично достапна во одредени европски земји, им овозможува на корисниците да трошат без да мора да ги продаваат своите дигитални средства, како што е биткоинот, кои се користат како колатерал за поддршка на доделениот кредит. Повеќето традиционални кредитни картички се необезбедени и имаат одреден кредитен лимит.

Картичката е поврзана со кредитна линија обезбедена од Nexo, поддржана со крипто и може да се користи кај 92 милиони трговци ширум светот каде Mastercard е прифатена, овозможувајќи им на инвеститорите да потрошат до 90% од фиат вредноста на нивните крипто средства, соопштија од Nexo.

„Mastercard признава дека дигиталните средства го револуционизираат финансискиот пејзаж“, рече Раџ Дамодаран, шеф за крипто и блокчејн производи и партнерства на Mastercard.

извор: inovativnost.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more