Vrabotuvanje.com - Американец добил 450.000 долари отштета откако го тужел работодавецот бидејќи му организирал роденденска забава
Share
Tweet
Share
Send to friend

Американец добил 450.000 долари отштета откако го тужел работодавецот бидејќи му организирал роденденска забава

Кевин Берлинг од Кентаки добил 450.000 долари отштета откако го тужел својот работодавец затоа што му организирал забава по повод неговиот роденден.

Американец добил 450.000 долари отштета откако го тужел работодавецот бидејќи му организирал роденденска забава

Имено, Кевин работел во медицинската лабораторија „Gravity Diagnostics“. На својот работодавец и колегите им рекол дека не сака роденденски изненадувања бидејќи има панични напади во такви моменти, но тие не ја испочитувале неговата желба.

Компанијата му организирала забава, а Берлинг, очекувано, доживеал паничен напад и отишол да го јаде својот оброк во автомобилот со цел да се смири. Шефот следниот ден му рекол дека „се однесува како мало девојче“ и дека им го упропастил расположението на колегите.

Набргу потоа Берлинг добил отказ. Случајот завршил на суд бидејќи Берлинг смета дека бил дискриминиран поради неговата психичка состојба и дека не му било овозможено работа во безбедно опкружување.

Судот одлучил да му додели 150.000 долари за „изгубена плата“ бидејќи бил отпуштен и 300.000 долари за „нанесена душевна болка, понижување и губење на самодовербата“.

Ова дефинитивно било роденденски подарок на кој Берлинг не се надевал, а од „Gravity Diagnostics“ сè уште не се огласиле.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more