Vrabotuvanje.com - Нексо и Мастркард ја лансираа првата платежна картичка за крптовалути
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нексо и Мастркард ја лансираа првата платежна картичка за крптовалути

Компаниите Nexo и Mastercard први во светот ќе ја претстават платежната картичка за криптовалути. Претставниците на Nexo велат дека картичката, која првично е достапна во одредени европски земји, им овозможува на корисниците да трошат без да мора да ги продаваат своите дигитални средства, како што е биткоинот, кој се користи за да се обезбеди одобрен кредит.

Нексо и Мастркард ја лансираа првата платежна картичка за крптовалути

Повеќето традиционални кредитни картички не се обезбедени и имаат кредитен лимит. Картичката е поврзана со кредитна линија обезбедена од Nexo и поддржува криптовалути и може да ја користат 92 милиони трговци ширум светот. Додека Mastercard им дозволува на инвеститорите да потрошат до 90% од вкупната вредност на нивните крипто средства. Картичката не бара минимални отплати, месечни надоместоци или такси за неактивност. Девизни давачки нема до трошење на 20.000 евра месечно.

Нема ограничување за тоа колку клиентот може да потроши или повлече од отворена кредитна линија, а каматата се плаќа само на износот на реално искористениот кредит. 

Извор: info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more