Vrabotuvanje.com - Најстарата личност на светот сега е 118-годишна француска калуѓерка која ужива во чоколадо и вино
Share
Tweet
Share
Send to friend

Најстарата личност на светот сега е 118-годишна француска калуѓерка која ужива во чоколадо и вино

118-годишна калуѓерка која живее во дом за стари лица во јужна Франција сега е најстарата личност на светот, потврди Гинисова книга на рекорди. Сестра Андре ја презеде титулата од Јапонката Кане Танака, која почина пред неколку дена на 119 години.

Најстарата личност на светот сега е 118-годишна француска калуѓерка која ужива во чоколадо и вино

Родена како Лусил Рандон на 11 февруари 1904, сестра Андре посветила најголем дел од својот живот на црковната служба. Пред да стане калуѓерка, чувала деца во Втората светска војна, а потоа 28 години се грижела за сираци и стари лица во болница.

„Оваа моја нова титула е тажна чест. Мислам дека би ми било подобро во рајот, но Господ сè уште не ме сака“, кажа сестра Андре.

Таа живее во близина на Тулон и вели дека многу сака чоколадо и вино, па секој ден пие по една чаша. Оваа година роденденот ѝ го честиташе и Емануел Макрон, 18. француски претседател во нејзиниот живот. Во тој период се смениле и десетмина папи.

Извор: kurir.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more