Vrabotuvanje.com - Италијанка ќе пешачи 22.000 километри од Венеција до Пекинг инспирирана од Марко Поло
Share
Tweet
Share
Send to friend

Италијанка ќе пешачи 22.000 километри од Венеција до Пекинг инспирирана од Марко Поло

Италијанката Виена Камарота (72) тргна пешки на патување долго 22.000 километри од Венеција до Пекинг. Таа ќе ја следи маршрутата на легендарниот трговец Марко Поло и неговиот Пат на свилата.

Италијанка ќе пешачи 22.000 километри од Венеција до Пекинг инспирирана од Марко Поло

Камарота го почна своето патување од Венеција, родниот град на Поло, а за да стигне до крајната цел, таа треба да помине низ 15 држави. Според планот, патувањето во Пекинг треба да го заврши во декември 2025 година.

Таа ќе премине во Словенија, па ќе продолжи низ Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, Грузија, Иран, Азербејџан, Туркменистан, Узбекистан, Киргистан, Казахстан, Монголија и ќе дојде до Кина. Освен ранец, носи и ГоПро камера за да го снима патувањето, и телефон во кој е инсталирана апликација преку која нејзиниот лекар ќе ѝ го следи здравјето.

„Со исклучок на дел од патот од Азербејџан до Туркменистан, цело време ќе одам пешки. Ќе има навистина предизвикувачки моменти, како студот во Монголија, но спремна сум“, кажа Камаротаза италијанските медиуми пред поаѓањето.

Извор: info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more