Vrabotuvanje.com - Канада воведува казни за прекршоци на Месечината
Share
Tweet
Share
Send to friend

Канада воведува казни за прекршоци на Месечината

Канадската Влада до Парламентот поднесе предлог-измени на Кривичниот законик, околу казните за идните можни злосторства и прекршоци извршени на Месечината, објави Си-би-си.

Канада воведува казни за прекршоци на Месечината

Националниот Кривичен законик веќе предвидува одговорност за канадските астронаути за евентуални престапи при престој на Меѓународната вселенска станица – МВС. Се смета дека секое незаконско дело извршено од канадски државјанин таму, е еднакво исто како да се случило во Канада. Промените се резултат на пристапувањето на Канада во проектот „Лунар гејтвеј“ (Месечева порта), чии членови планираат патувања на Месечината.

Во декември 2020 година, Канадската вселенска агенција (КСА) и американската НАСА потпишаа договор со кој се потврдува учеството на Канада во проектот „Лунар гејтвеј“. 

Извор: mk.tv21.tv

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more