Vrabotuvanje.com - „Кока кола“ отвори продавница за висока мода во Лондон
Share
Tweet
Share
Send to friend

„Кока кола“ отвори продавница за висока мода во Лондон

„Кока кола“ ги отвори вратите на својата прва продавница за висока улична мода во лондонски „Ковент гарден“.

„Кока кола“ отвори продавница за висока мода во Лондон

Ова е прва продавница за облека на брендот во Европа и нуди гардероба под брендот Coca – Cola, во ограничено издание и резултат на ексклузивна соработка со дизајнери.  

Продавницата работи од вчера и нуди од улична до работна гардероба, како и одржлива облека и модни додатоци направени од рециклирани шишиња Coca – Colа. Во продавницата се нуди и ексклузивна колекција дизјнирана во соработка со тексас брендот Lee, вклучувајќи тексас – јакни, комбинизони и фармерки. 

„Кока кола“ веќе има слични објекти во САД – во Орландо, лас Вегас и во Атланта. 

Оваа продавница е можност и на нашите фанови во Европа да им понудиме врвна лепеза од мода и колекционерски предмети, како и уникатни начини да ги искусат нашите пијалаци. Низ колекцијата производи направени од рециклирачки материјали, имаме одлична можност да ги споделиме со луѓето нашите обврски во поглед на одржливоста и да ги поведеме со себе во свет без отпад, соопштија од „Кока кола“.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more