Vrabotuvanje.com - Вработен во McDonald's со Даунов синдром се пензионира по 32 години работа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Вработен во McDonald's со Даунов синдром се пензионира по 32 години работа

Уште како момче со Даунов синдром тој се покажал одлично на работното место, а претпоставените го нарекуваат икона и најдобрата личност што некогаш била дел од компанијата.

Вработен во McDonald's со Даунов синдром се пензионира по 32 години работа

50-годишниот Расел О’Грејди започнал да работи во McDonald's во Сиднеј во 1986, кога имал само 18 години.

Дури има и некои клиенти кои во текот на годините сакале само Расел да ги служи и сега, по 32 години во компанијата, тој ќе им недостига на сите.

Татко на Расел раскажа една емотивна ситуација со неговиот син: „Некој му кажа: „Дали си хендикепиран?“ и тој му одговори: „Бев кога одев на училиште, но сега работам во McDonald's“. Татко му вели дека луѓе го сопирале по улица за да му честитаат колку добар работник е.

Расел пред 2 години прослави 30 години работа во McDonald's, а сега иако обожава да работи, одлучи да се пензионира за доброто на своето здравје.

За среќа, и во Македонија сè повеќе компании почнуваат да вработуваат лица со Даунов синдром.

извор: crnobelo.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more