Vrabotuvanje.com - Burger King со специјални бургери за бремени жени
Share
Tweet
Share
Send to friend

Burger King со специјални бургери за бремени жени

Во пресрет на американскиот Ден на мајката (8 мај), брендот за брза храна Burger King реши на германскиот пазар да понуди специјални бургери кои ги задоволуваат необичните прехрамбени желби на бремените жени.

Burger King со специјални бургери за бремени жени

Според истражувањето кое претходело на кампањата, 58% од испитаните 1,070 жени одговориле дека имале необични прехрамбени желби, од кои пак 76% рекле дека не можеле да одолеат на тие желби.

Како резултат, Burger King се одлучи да воведе некои „интересни“ комбинации на бургери во кои бремените жени ќе можат да ужуваат за време на претстојниот викенд.

Иако некои од овие комбинации на вкусови можат да се чинат како чудни за повеќето луѓе, тие всушност биле базирани врз најпопуларните сугестии понудени во истражувањето. Меѓу нив, има комбинации како краставички со џем, риба во сос од јаболко, похована харинга со колбаси во кари сос, сладолед од ванила со маслинки итн… Погледнете ја целата понуда на следниот линк.

Покрај самите бургери, кампањата вклучува и неколку спотови во кои бремени жени дискутираат за нивните „чудни“ желби со своите партнери и деца.

Кампањата се реализира со помош на огласувачката агенција Grabarz & Partner.

извор: marketing365.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more