Vrabotuvanje.com - Сточарите од Битолско ќе користат финансиска помош со електронско пријавување
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сточарите од Битолско ќе користат финансиска помош со електронско пријавување

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола информира дека системот за поднесување барања за директни плаќања – Единствено Барање 2022 година е ставен во функција.

Сточарите од Битолско ќе користат финансиска помош со електронско пријавување

Од ПЕ на МЗШВ нагласуваат дека сите земјоделци кои имаат евидентирани парцели во системот на ЕРЗС и оние сточари кои имаат евидентирани податоци за животни можат да поднесат барање за финансиска помош и да бидат корисници на мерките.

Барањата се поднесуваат по електонски пат со најавување на страната на Агенцијата „www.ipardpa.gov.mk“. На сите земјоделци на кои им треба помош при пријавување на субвенциите може да дојдат во подрачната единица на МЗШВ во Битола. Барањата се поднесуваат лично или член на земјоделското стопанство, истакна раковителот на ПЕ на МЗШВ во Битола.

Краен рок за поднесување на барањата е 31 мај 2022 година.

извор: zelenaberza.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more