Vrabotuvanje.com - Палма де Мајорка ќе дозволи закотвување на најмногу три крузери дневно
Share
Tweet
Share
Send to friend

Палма де Мајорка ќе дозволи закотвување на најмногу три крузери дневно

Палма де Мајорка, што има 419.400 жители и се наоѓа на шпанскиот остров Мајорка, го ограничи пристигнувањето туристички крузери, на три дневно. Со тоа, стана втор град на Медитеранот со ваква мерка, веднаш по Дубровник, јавија шпански медиуми.

Палма де Мајорка ќе дозволи закотвување на најмногу три крузери дневно

Само еден од трите крузери може да биде мегакрузер со над 5.000 патници.

– Туризмот треба да биде избалансиран поради жителите што живеат таму. Потребно е да се почитуваат нивните права, изјави претседателката на автономната Влада на Балеарските Острови, Франсина Арменгол.

Балеарските Острови – Мајорка, Ибица, Менорка, Форментера – се популарна дестинација за туристите од Германија и Обединетото Кралство.

На Балеарските Острови живеат 1.2 милиони жители. Договорот меѓу Владата и Здружението за крстосувачи е постигнат по двегодишни преговори, завршени во декември во Хамбург, а сега е и потпишан.

Шпанија со 47-те милиони жители, во март ја посетиле четири милиони туристи. Тоа е 70 отсто од гостите од рекордната 2019 година. По почетокот на коронавирусот во 2020 година, ова е март со најмногу туристи во изминатите две години.

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more