Vrabotuvanje.com - Сопственикот на ресторан вовел плаќање карта - "Секој гостин да плати 3 евра за влез"
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сопственикот на ресторан вовел плаќање карта - "Секој гостин да плати 3 евра за влез"

Сопственикот на еден ресторан вовел плаќање карта до објектот за секој гостин што ќе дојде да јаде, освен ако не се работи за деца.

Сопственикот на ресторан вовел плаќање карта - "Секој гостин да плати 3 евра за влез"

Цената на билетот чини три евра, а причината е драстичниот раст на сите влезни трошоци – од намирници до енергија.

Хорст Ингендорн, сопственик на ресторан во германскиот град Ретингер, за WDR изјави дека нема избор.

„Месото е поскапо за 30 до 50 отсто, зеленчукот за 30 отсто. Маслото за готвење поскапе за повеќе од 100 отсто, а трошоците за енергија за 2.000 отсто“, се пожали тој.

Наместо да го сменам менито и да ја зголемам цената на водата и другите услуги, решив да ги воведам тие три евра“, објаснува германскиот угостител.

„Гостите со кои разговарав го разбираат тоа и мислам дека отвореноста и искреноста се всушност прилично добри“, вели Ингендорн.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more