Vrabotuvanje.com - Во Германија 25 проценти од вработените работат од дома
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Германија 25 проценти од вработените работат од дома

Во Германија 25 проценти од вработените работат од дома

И по укинувањето на обврската на работодавците да им понудат на вработените можност да работат од дома, сепак една четвртина од вработените кај кои е можна оваа форма на работа ја користат оваа можност.

Mногу компании трајно се адаптираа на пофлексибилни работни модели, изјави Жан-Виктор Алипур од Институтот Ифо во Минхен (Институт за економски истражувања).

Според истражувањето, во април 24,9 отсто од вработените работеле од дома, што е нешто помалку отколку во март кога оваа можност ја искористиле 27,6 отсто.

Обврската на работодавците да им понудат работа од дома на вработените каде тоа е можно, што беше една од мерките против пандемијата со Ковид-19, истече на 20 март.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more