Vrabotuvanje.com - Кој стои зад македонскиот бренд „Смарт Ливинг“?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кој стои зад македонскиот бренд „Смарт Ливинг“?

Бојана и Иван се сопружници, но и архитектско дуо кое стои зад успешниот македонски бренд „Смарт Ливинг“ кој понатаму ќе прерасне во групација со компаниите „Каре“ и архитектонското студио „Суперблок“ под својата капа -Пишува Женски МАГАЗИН

Кој стои зад македонскиот бренд „Смарт Ливинг“?

Денес со гордост можат да кажат дека примаат нарачки од Токио, Торонто, па дури и од скандинавските земји, а покрај нивната истрајност и упорност во работата, тие се најголема поддршка за младите архитекти.

* Веќе подолго време сте присутни на македонскиот пазар во доменот на дизајнот и архитектурата, oд кога конкретно работите и како се развива патот на Вашата кариера?

- Мојата кариера започнува уште пред скоро дваесетина години во Рим, кога почнувам архитектонска пракса во студиото „IAN+“ додека ги изучувам мастер студиите за светлото во архитектурата при Универзитетот „La Sapienza“. Потоа се враќам во Скопје и заедно со мојот сопруг и партнер Иван Мирковски ја создаваме фирмата „Смарт Ливинг“, архитектонско студио и концепт продавница за мебел и светло. Првaта локација на „Смарт Ливинг“ се наоѓаше во мал простор на булеварот „Илинденска“, каде ги работевме тековните проекти и услужувавме клиенти. Се сеќавам дека бевме пресреќни кога некој ќе влезеше во продавницата и ќе го препознаеше потенцијалот кој го носевме во себе. Целата суштина на нашата креативност ја насочувавме во „Смарт Ливинг“, тукушто дипломирани архитекти самостојно да финансираат сопствен бизнис беше многу тешко.
Наместо во свадбено патување, сите средства ги пренасочивме во создавање на нов македонски бренд: Смарт Ливинг, кој понатаму ќе прерасне во групација со компаниите Каре и архитектонското студио Суперблок под својата капа.
 

* Од каде идејата за да го донесете светски познатиот бренд „Каре“ во нашата земја? Раскажете ни нешто повеќе и за оваа успешна приказна.

- „Каре“ е германски бренд од Минхен специјализиран за мебел, светло и додадоци за ентериери, кој годинава прослави 40 години постоење. Во својата палета производи има повеќе од 4000 различни артикли и со тоа нашата продавница е полигон за ентериерните планери и за ентузијастите со префинет вкус. Каре со својот слоган !„Радоста на живеењето” моментално брои повеќе од 200 продавници ширум светот и е присутен во повеќе од 50 земји. Тоа што нас нè освои да го претставуваме овој бренд на нашиот пазар е автентичноста и необичноста на своите линии и секако затоа што станува збор за бренд кој нема ограничен избор на само еден стил, туку нуди различни насоки, од чисти скандинавски линии, до еклектични и декадентни парчиња кои изнудуваат насмевка на сечие лице.

Моментот кога „Каре Германија“ реши да влезе на нашиот пазар, нè контактираше нас. Изразија желба „Смарт Ливинг“ да биде нивнот партнер, како архитекти, но и добри познавачи на бизнисот со мебел, светло и додатоци. Уште на првиот состанок во Минхен се појави взаемна хемија и така започна приказната.
 
Целиот текст е на ЖЕНСКИ МАГАЗИН

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more