Vrabotuvanje.com - Balenciaga продава речиси целосно уништени патики за повеќе од 600 долари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Balenciaga продава речиси целосно уништени патики за повеќе од 600 долари

Ограничената колекција на Balenciaga се состои од речиси целосно уништени патики, кои се продаваат за 625 долари.

Balenciaga продава речиси целосно уништени патики за повеќе од 600 долари

Колекцијата се вика Paris Sneaker, а дизајнерите изјавија дека целта им била „да создадат патики кои ќе можат да се носат цел живот“. Очекувано, многу корисници на социјалните мрежи се згрозени од „новиот“ дизајн.

Новата колекција од синоќа почна да се продава на веб-страницата на Balenciaga. Засега можат да ги купат само купувачите од Европа. Оние кои живеат во САД и Јапонија ќе можат да ги купат од 16-ти, односно 23 мај.

„Ова всушност ги навредува луѓето кои се сиромашни. Не ми е јасно зошто луксузните брендови упорно промовираат ваков дизајн“, напиша еден корисник на Twitter.

„Ова се најлошите патики што сум ги видел. Balenciaga сигурно се шегува“, додаде друг.

„Можам да најдам вакви патики во контејнер и нема да морам да издвојам вртоглава сума“, е исто така еден од коментарите.

извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more