Vrabotuvanje.com - Најскапото уметничко дело: Мерлин Монро навистина чини цело БОГАТСТВО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Најскапото уметничко дело: Мерлин Монро навистина чини цело БОГАТСТВО

Прочуената слика на Мерлин Монро од Енди Ворхол е продадена на аукција за 195 милиони долари, и стана најскапото продадено уметничко дело од 20 век воопшто.

Најскапото уметничко дело: Мерлин Монро навистина чини цело БОГАТСТВО

Ворхол ја насликал сликата во 1964 инспириран од позната фотографија. Ова е и најскапо платено американско уметничко дело досега.

Пред аукцијата во Њујорк, Кристи напиша дека сликата е „една од најретките и најтрансцендентни слики што постојат“, со продажна цена околу 200 милиони долари.

Претходната рекордна цена за американско уметничко дело беше 110,5 милиони долари за сликата на Жан-Мишел Баскијат од 1982. Конечната цена за делото на Ворхол го урива претходниот рекорд за уметничко дело од 20-тиот век, поставен во 2015 кога слика на Пабло Пикасо од 1955 се продаде за 179,4 милиони долари.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more