Vrabotuvanje.com - Босна и Херцеговина го има најскапиот водопад во светот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Босна и Херцеговина го има најскапиот водопад во светот

Ретко кој знае, но Босна и Херцеговина има повеќе водопади од Италија, Франција и Германија заедно. А, дали знаевте дека го има и најскапиот водопад во светот?

Босна и Херцеговина го има најскапиот водопад во светот

Имено, доколку сакате да стигнете до водопадот Скакавац, кој се наоѓа во Националниот парк „Сутјеска“, за билет треба да одвоите 1.000 конвертабилни марки.

Најголем проблем правеле домашните туристи кои влегувале во срцето на прашумата, оставале ѓубре, врежувале иницијали во кората на дрвјата, правеле врева, знаеле и да запалат оган, па цената од 1000 конвертабилни марки се обидува да го заштити самото срце на прашумата. Од паркот посочуваат дека се обидуваат да ја зачуваат прашумата со политика која не е економски исплатлива.

Низ Перучица има уште патека која не се наплаќа, односно секој може да дојде со билет до Националниот парк.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more