Vrabotuvanje.com - Албанија годинава очекува над шест милиони туристи
Share
Tweet
Share
Send to friend

Албанија годинава очекува над шест милиони туристи

Албанија, речиси во текот на целата календарска година ја посетуваат странски туристи, но летната туристичка сезона, кога туристите се најбројни, официјално почнува во кон крајот на мај и трае пет месеци.

Албанија годинава очекува над шест милиони туристи

Првиот чартер пристигнува на 26 мај а последниот на почетокот на ноември. Бројките се охрабрувачки. Се очекуваат над 20 отсто повеќе туристи споредено со минатата година. Ако лани имало 5,6 милиони сега очекуваме над шест милиони, што е враќање на бројката пред пандемијата, односно 2019 година, која беше најдобра туристичка година, оценуваат туроператорите.

Што се однесува до цените во хотелите тие се за 50 отсто повисоки поради светската енергетска криза, растот на цените на сите прехранбени производи, горивата. Тоа пак влијае на бројот на деновите на престој. За разлика од претходните години ако еден турист во просек престојувал по седум дена сега резервациите се за четири дена.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more