Vrabotuvanje.com - НЛБ Банка АД Скопје ќе дели дивиденда - еве колку ќе изнесува
Share
Tweet
Share
Send to friend

НЛБ Банка АД Скопје ќе дели дивиденда - еве колку ќе изнесува

НЛБ Банка АД Скопје ќе дели дивиденда - еве колку ќе изнесува

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 12.05.2022 година (четврток) ја усвоија Одлуката за распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година.

Согласно Одлуката, износот на бруто дивидендата по акција изнесува 738,00 МКД за сите акционери.

Исплатата на дивидендата ќе отпочне на датум 13.06.2022 (30-от ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје)

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 23.05.2022 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда е 25.05.2022 година.

Датумот на евиденција според кој се определува списокот на акционери што имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 26.05.2022 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.

Барањата за исплата на дивиденда (доставени трансакциски сметки за исплата во друга Банка) кои ќе влезат во иницијалниот датум на исплата треба да бидат доставени 10 дена пред датумот на исплата на дивидендата предвиден во оваа одлука.

извор: pari.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more