Vrabotuvanje.com - Големите екрани во автомобилите наскоро ќе станат минато?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Големите екрани во автомобилите наскоро ќе станат минато?

Трендот на огромни екрани толку многу зема замав што на автомобилите со дисплеи помали од 10 инчи се гледа како да се веќе застарени.

Големите екрани во автомобилите наскоро ќе станат минато?

Без разлика колку некои возачи не можат да го поднесат тој факт, огромните екрани на мултимедијалниот систем во последно време се се поприсутни во кокпитот и стануваат се поголеми.

Овој тренд толку многу зема замав што автомобилите со екрани помали од 10 инчи изгледаат малку чудно, како да се веќе застарени.

Некои производители на автомобили го носат дури и до крајност. Mercedes-Benz неодамна го претстави прекрасниот MBUX Hyperscreen во луксузниот електричен седан EQS, кој се состои од три посебни дисплеи под едно стакло и се протега од возачките до совозачките врати.

BMW одговори со панорамски 31-инчен 8K екран (како филмски екран) на задните седишта на новата Серија 7 и електричната лимузина i7.

Бидејќи очигледно не може да биде пошироко од ова, вметнаа дополнителни екрани во рачките на задните врати.

Сепак, се чини дека оваа необјавена „војна на екраните“ наскоро ќе стане минато.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more