Vrabotuvanje.com - Американец го тужел шефот затоа што му приредил забава
Share
Tweet
Share
Send to friend

Американец го тужел шефот затоа што му приредил забава

Кевин Берлинг од Кентаки го тужел својот работодавач затоа што му организирал роденденска забава. Тој добил отштета од 450.000 долари.

Американец го тужел шефот затоа што му приредил забава

Имено, Кевин работел во медицинската лабораторија „Gravity Diagnostics“. На својот работодавач и колегите им рекол дека не сака роденденски изненадувања бидејќи во такви моменти доживува тешки напади на паника, но тие ја игнорирале неговата желба.

Му организирале забава, поради што Берлинг доживеал паничен напад и отишол да го јаде својот оброк во автомобилот со цел да се смири. Шефот му рекол следниот ден дека „се однесува како мало девојче“ и дека им го уништил расположението на колегите.

Набргу потоа Берлинг добил отказ и случајот завршил на суд. Берлинг смета дека бил дискриминиран поради неговата психичка состојба и дека не му било овозможено да работи во безбедна средина.

Преку судски пат тој добил 150.000 долари на суд за „изгубена плата“ бидејќи бил отпуштен по неуспешно роденденско изненадување и 300.000 долари за „нанесена душевна болка, понижување и губење на самодовербата“.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more