Vrabotuvanje.com - TikTok влегува во гејминг индустријата
Share
Tweet
Share
Send to friend

TikTok влегува во гејминг индустријата

TikTok планира да се пробие во индустријата за игри. Компанијата веќе тестира видео игри во Виетнам. Овој потег е дел од плановите за сериозен влез во гејмингот, велат експертите.

TikTok влегува во гејминг индустријата

Вклучувањето на игри во платформата ќе ги поддржи приходите од реклами на кинескиот сервис и може да го зголеми времето што го поминуваат во апликацијата – една од најпопуларните во светот со над 1 милијарда активни корисници месечно.

TikTok, кој е во сопственост на кинеската ByteDance, планира да лансира повеќе понуди за игри во Југоисточна Азија, според извори цитирани од Ројтерс. Според нив, тоа би можело да се случи во третиот квартал од годинава.

Портпаролот на TikTok рече дека компанијата го тестирала објавувањето на HTML5 наслови, популарна форма на мини-игри, во својата апликација. За таа цел, таа работи со надворешни програмери и студија, како што е Zynga.

Но, за сега, гигантот одбива да ги коментира своите планови за Виетнам и неговите поголеми амбиции за игри.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more