Vrabotuvanje.com - На кои светски атракции најмногу се жалат туристите?
Share
Tweet
Share
Send to friend

На кои светски атракции најмногу се жалат туристите?

Светот е полн со туристички атракции кои повеќето луѓе сакаат да ги посетат барем еднаш во животот.

На кои светски атракции најмногу се жалат туристите?

Сепак, ново истражување покажа дека има и атракции кои ги разочарале светските патници.

Врз основа на прегледите на патниците на веб-страниците Trustpilot и TripAdvisor, направена е листа на кои светски атракции се жалат туристите.

Некои од атракциите потекнуваат од минатото, додека други се направени во последните децении. На прво место е познатата Холивудска патека на славните (Hollywood Walk of Fame). Оваа атракција го освои првото место со речиси 20% од сите негативни оцени на испитаните патници. Негативните коментари главно се однесуваат на тоа колку е нечисто.
 

Втора атракција на листата е Версајската палата. Патниците го оценија Версај негативно бидејќи секогаш е преполн, влезницата е скапа и целата околина е лошо одржувана. Версај го посетуваат повеќе од 10 милиони луѓе секоја година.

Стоунхенџ го зазеде третото место, како место со екстремно скапи влезници и содржини кои практично не постојат.

Ова се светските атракции на кои најмногу се жалат туристите:

1. Холивудската патека на славните, САД

2. Версај, Франција

3. Стоунхенџ, Обединето Кралство

4. Знакот Холивуд, САД

5. Биг Бен, Велика Британија

6. Белата куќа, САД

7. Кривата кула во Пиза, Италија

8. Емпаер стејт билдинг, САД

9. Пирамидите во Гиза, Египет

10. Бакингемската палата, Велика Британија

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more