Vrabotuvanje.com - 24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа
Share
Tweet
Share
Send to friend

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Дури 328 луѓе загинале во најголемата фудбалска катастрофа во историјата која се случила во последните моменти од натпреварот меѓу Перу и Аргентина.

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

На денешен ден репрезентацијата на Перу ја пречекала силната Аргентина на стадионот „Насионал“ во Лима пред 47 илјади гледачи во квалификациски натпревар за ЛОИ 1964 во Токио. Аргентинците имале водство од 0:1 на 6 минути пред крајот кога Перу постигнал израмнувачки гол кој уругвајскиот судија Анхел Едуардо Пасос го поништил. Одлуката ги разбеснила навивачите кои влетале на терен, а полицијата употребила солзавец што само ја влошило ситуацијата предизвикувајќи паника и масовен обид за излез од стадионот.

Комплицираните излези со тунели и скали предизвикале навивачите да се заглават и прегазат едни со други, што резултирало со 328 загинати и околу 500 повредени. Бројката на загинати е поголема бидејќи перуанските валсти не ги рачуваат оние убиени од полицијата.

На крајот дури и квалификациите биле прекинале со 5 натпревари до крајот, а Аргентина заминала на ЛОИ како првопласирана. Перу и Бразил имале исто бодови и играле бараж во кој Бразил победил со 2:0 и заминал за Токио.

До ден денес оваа несреќа е најголемата во фудбалскиот свет, поголема и од Хејсел, Хилсборо и Иброкс.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more