Vrabotuvanje.com - Во Британија се воведува еднократен данок за компаниите за нафта и гас и финансиска помош за сиромашните
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Британија се воведува еднократен данок за компаниите за нафта и гас и финансиска помош за сиромашните

Британската Влада објави пакет мерки во вредност од неколку милијарди фунти за финансиска помош на домаќинствата со најниски приходи и поради таа причина воведува еднократен данок на дополнителна добивка за нафтените и гасните компании.

Во Британија се воведува еднократен данок за компаниите за нафта и гас и финансиска помош за сиромашните

Министерот за финансии дека Владата очекува да собере околу пет милијарди фунти (пет милијарди и 871 илјади евра) преку еднократен данок во текот на следната година.

Oколу осум милиони од најсиромашните домаќинства ќе добијат еднократна државна помош од 650 фунти (763 евра) за да можат да ги платат повисоките сметки за електрична енергија.

Претходно оваа недела, беше најавено дека сметките за електрична енергија во Велика Британија од есен може да се зголемат за уште 800 фунти (939 евра) на годишно ниво. Во април годинава инфлацијата достигна девет проценти, што е највисока во изминатите 40 години.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more