Vrabotuvanje.com - Држава без милост: Доколку го користите мобилниот телефон во возење – ја губите возачкта дозвола и плаќате огромна казна
Share
Tweet
Share
Send to friend

Држава без милост: Доколку го користите мобилниот телефон во возење – ја губите возачкта дозвола и плаќате огромна казна

Белгијците не се шегуваат, а тамошното законодавството многу сериозно го сфатил проблемот со користење на телефоните во текот на возењето.

Држава без милост: Доколку го користите мобилниот телефон во возење – ја губите возачкта дозвола и плаќате огромна казна

Во одредени делови од државите (провинциите), воведени се прописи кои подразбираат казна до 4.000 евра и губење на возачката дозвола до пет години, доколку ве „уловат“ како чепкате по мобилниот телефон, па дури и во потрага за подобра рута на навигацијата.

Акција од 48 часа

Во најновата акција која траела 48 часа, белгиската полиција евидентирала 2.387 прекршоци и одземени се 503 дозволи.

Чуварите на редот ги контролираат возачите ширум државите, а целта била борба против „дистракциите во везењето“, феномен за кој се верува дека предизвикува една четвртина од несреќите на тамошните патишта.

Од вкупниот број на прекршоци, дури 2.332 се однесуваат на користење на мобилниот телефон во текот на возењето, а 114 на други облици на дистракција.

Извор: supermen.tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more