Vrabotuvanje.com - МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Share
Tweet
Share
Send to friend

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2022 година.

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 2 јуни 2022 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отвoрени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска за оние чии презимиња почнуваат на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и утре за оние со презимиња почнуваат на М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more