Vrabotuvanje.com - Турција официјално го промени името
Share
Tweet
Share
Send to friend

Турција официјално го промени името

Обединетите Нации го усвоија официјалното барање на Анкара, со што за нив, Турција отсега ќе биде Туркије (Türkiye).

Турција официјално го промени името

Од неколку меѓународни организации ќе се бара да го променат името на земјата, согласно со иницијативата што минатата година ја покрена турскиот претседател.

Мнозинството граѓани веќе ја нарекуваат својата земја Туркије. Но, често се користи и англиската верзија на името, Турки (Turkey), вклучително и во самата земја.

Државната телевизија ТРТ во декември наведе негативна конотација во врска со името на англиски јазик, наведувајќи дека се однесува, или на „голема птица што потекнува од Северна Америка“ или на тоа „кога нешто ќе тргне на лошо“. 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more