Vrabotuvanje.com - На бела техника трошиме над 150 милиони евра годишно!
Share
Tweet
Share
Send to friend

На бела техника трошиме над 150 милиони евра годишно!

Нептун останува да биде неприкосновен на пазарот од аспект на остварените приходи. Поуспешен лани од аспект на добивка е Сетек, а најефикасен е Алфи Би кај кого добивка е 10% од приходот од продажба.

На бела техника трошиме над 150 милиони евра годишно!

Телевизори со рамен екран, компјутери, таблети, „паметни“ машини за перење и сушење, шпорети со рамни плочи, еколошки и штедливи фрижидери, клима уреди и инвертери, мали слатки „гаџети“ за модерни домаќинки... Се ова е на асортиманот на големите продавачи на мало за бела техника. Минатата година продажбата на овие уреди во домаќинство без кои очигледно не можеме пораснала за 15 % односно околу 20 милиони евра повеќе од претходната 2020 година која на одбележа корона кризата.

Според официјални достапни податоци од Централен регистар во Македонија има четири големи компании кои се занимаваат со малопродажба на уреди за домаќинството или популарно познати како „бела техника“.

Трендот на продажба покажува дека сме „конзумеристи“ и дека сакаме нова технологија и уреди за домаќинствата. Затоа што продажбата лани во споредба со 2020 година само тие четири големи ланци на маркети за малопродажба на бела техника е зголемена за 17 милиони евра односно за 13 отсто.

Споредбата на официјалните податоци покажува дека и понатаму неприкосновен во продажбата е најголемиот ланец маркети „Нептун“ , но најпрофитабилен (сооднос на приход од продажба и остварена добивка) е кумановски Алфи Би затоа што кај него на добивка отпаѓаат 10 отсто. 

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more