Vrabotuvanje.com - Додека светот e „луд“ по криптовалутите, за Гејтс тие немаат никаква вредност
Share
Tweet
Share
Send to friend

Додека светот e „луд“ по криптовалутите, за Гејтс тие немаат никаква вредност

Гејтс и претходно ги „предупредил“ луѓето да не вложуваат во криптовалутите.

Додека светот e „луд“ по криптовалутите, за Гејтс тие немаат никаква вредност

Милијардерот и коосновач на „Microsoft“, Бил Гејтс, е еден од ретките бизнисмени од тој „калибар“ кој не поседува и не вложува во дигиталните валути.

Тој исто така објаснил зошто е тоа така, односно зошто не инвестира во криптовалутите. Како што вели, тој сака да вложува во работи со „резултат кои вредат“ и кои даваат некој придонес во општеството.

„Сакам да вложувам во работите кои имаат резултат. Вредноста на компаниите се основа на тоа како истите прават одлични производи. Вредноста на криптовалутите е кога некоја друга личност одлучува дека некој друг ќе плати за тоа, така што тоа не придонесува во општеството како што тоа го прават другите инвестиции“, изјавил милијардерот којшто претходно спомнал дека е скептичен кон биткоинот.

Инаку, оваа изјава на Гејтс доаѓа во моментот кога вредноста на криптовалутите опаѓа, но сепак ситуацијата во последните неколку денови е подобра. Агенциите пренесуваат дека биткоинот бележи најголем раст во последните две недели.

Гејтс и претходно ги „предупредувал“ луѓето да не вложуваат во криптовалутите, особено оние со помалку пари, а противник на дигиталните пари е и неговиот добар пријател и популарен инвеститор Ворен Бафет.

Извор: supermen.tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more