Vrabotuvanje.com - Колку пари чини евровизискиот стајлинг на Констракта?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку пари чини евровизискиот стајлинг на Констракта?

Колку пари чини евровизискиот стајлинг на Констракта?

Претставничката на Србија привлекла големо внимание во светската јавност, како со својата појава, така и со стајлингот.

Иако во изминатиот период истакнуваше дека никогаш себеси не се преоптоварувала со брендови и гардероба, и дека без проблем се облекува со облека од пазар, сега го „одврзала“ ќесето.

Доколку сакате да изгледате кко Констракта тогаш треба да бидете подготвени да издвоите околу 450 евра за интересните парчиња кои ги носела на конференцијата во Торино.

Таа носеше панталони со широк крој чија цена е околу 200 евра, додека пак белата маица чинела 20-на евра.

Сето тоа Констракта го надополнила со црвена чанта околу струкот, која чинела околу 190 евра, а патиките кои ги носела коштале 40 евра.

извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more