Vrabotuvanje.com - Светло на крајот од тунелот? Попушта кризата со недостигот на чипови
Share
Tweet
Share
Send to friend

Светло на крајот од тунелот? Попушта кризата со недостигот на чипови

Чиповите станале достапни поради забавувањето на светската економијата и инфлација, што ја намалило побарувачката со електроника.

Светло на крајот од тунелот? Попушта кризата со недостигот на чипови

Глобалниот недостиг на полуспроводници кои ја мачел автомобилската индустрија речиси две години, покажува знаци на попуштање, барем засега.

Откако со месеци минувале низ застои, "Mercedes-Benz", "Daimler Truck Holding" и "BMW" се меѓу произведувачите на автомобили кои сега добиваат доволно чипови за производство во полн капацитет.

Пресвртницата доаѓа порано од тоа што компаниите го предвидувале и означува светло на крајот од тунелот за автомобилската индустрија. Чиповите станале подостапни поради забавувањето на светската економија и инфлацијата, што ја намалило побарувачката за електроника која ги користи истите компоненти, известува "Automotive News Europe".

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more