Vrabotuvanje.com - Ресторанот на популарниот Salt Bae на мета на критики: „Штеди сол, како и секој друг вид вкус, а цените...“
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ресторанот на популарниот Salt Bae на мета на критики: „Штеди сол, како и секој друг вид вкус, а цените...“

Ресторанот којшто е во сопственост на интернет сензацијата Нусрет Гокче познат под псевдонимот Salt Bae, рангиран е меѓу најлошите во Лондон, заземајќи ја позицијата со број 17.418.

Ресторанот на популарниот Salt Bae на мета на критики: „Штеди сол, како и секој друг вид вкус, а цените...“

Тој добил низа критики од посетителите кои сметаат дека храната не ги заслужува огромните цени по кои се продава.

Девет месеци откако ги отворил вратите во Лондон, ресторанот го зазел 17.418 место од вкупно 17.488 ресторани во Лондон, со просечна оцена од две ѕвездички.

Исто така тој до денес добил 73 ужасни оцени од посетителите, заедно со 9 оцени кои го карактеризираат како лош, 5 кои го карактеризираат како просечен, 3 како многу добар и 28 одличен.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Една рецензија од разочаран гостин на „Tripadvisor“ истакнува дека „иако очигледно специјалитетот е месото - тоа е суво, суво и суво“.

„Очигледно Salt Bae штеди сол – како и на секој друг вид на вкус“, се наведува во рецензијата.

Во други коментари незадоволните посетители истакнале дека консумирањето храна во овој ресторан е „фрлање пари“ и служи исклучиво за „фалење на социјалните мрежи“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Ова не е првпат ресторанот да стигне на насловните страници од медиумите. Неговата отворање беше едно од најследените во медиумите, но не поради квалитетот туку поради високите цени.

Цената на бифтекот Golden Giant Tomahawk изнесува 1.450 фунти, додека пак Golden Giant Striplion бифтекот чини 1.350 фунти.

„Tripadvisor“ исто така е повикан на одговорност откако наводно ги избришал лошите критики за ресторанот откако сметката од ресторанот во износ од над 1.800 фунти стана вирална во 2021 година.

Извор: supermen.tocka.com.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more