Vrabotuvanje.com - Coca-Cola и Jack Daniel’s пуштија заеднички пијалок
Share
Tweet
Share
Send to friend

Coca-Cola и Jack Daniel’s пуштија заеднички пијалок

Coca-Cola и сопственикот на брендот Jack Daniel’s – Brown-Forman најавија дека ќе лансираат пијалок наречен Jack & Coke.

Coca-Cola и Jack Daniel’s пуштија заеднички пијалок

Производот, кој го доловува духот на пијалокот, кој со децении се нарачува во баровите, ќе содржи околу 5% алкохол.

Коктелот ќе биде достапен со или без шеќер.

Компаниите најавија дека производот ќе се појави на пазарот на крајот на 2022 година во Мексико, по што ќе биде лансиран на „одбрани“ пазари ширум светот во 2023 година.

Бокалите ќе имаат јасни етикети за да ги спречат малолетниците да го консумираат пијалокот, се вели во заедничката изјава на двете компании, кои исто така велат дека се посветени на „одговорни рекламни практики“.

За Coca-Cola, новиот производ го означува долгоочекуваниот влез на пазарот на алкохол, забележува Yahoo Finance.

Извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more