Vrabotuvanje.com - Ќе се гради облакодер во кој жителите ќе може да ги паркираат автомобилите во своите станови
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ќе се гради облакодер во кој жителите ќе може да ги паркираат автомобилите во своите станови

Кога ќе се изгради, Bentley’s Residences ќе биде највисоката станбена зграда покрај океанот во САД. Ќе се издигне на 62 ката на авенијата Колинс во таканаречената улица на милијардери во Санни Ајлс Бич, Јужна Флорида.

Ќе се гради облакодер во кој жителите ќе може да ги паркираат автомобилите во своите станови

Станува збор за заеднички проект на архитектонското биро Сејгер Суарез, градежната компанија Дезер и автомобилскиот производител Бентли, кој ќе опфати повеќе од 200 луксузни апартмани.

Интересното кај овој монументален облакодер е специјалниот лифт за возила, благодарение на кој сопствениците ќе можат да ги паркираат своите миленици во домот, без разлика на кој кат живеат.

Застаклената гаража на секој кат од облакодерот ќе им овозможи на сопствениците да влегуваат и излегуваат од своите станови и автомобили без преголема помпа. Ова особено ќе им одговара на познатите личности кои на тој начин ќе можат да ги избегнат љубопитните папарацо фото објективи.

Секој апартман ќе има и ограден балкон, сауна и надворешен туш. Во внатрешноста на облакодерот ќе има места за спа зона, базен, теретана, кино, ресторан и бар за љубителите на вискито, како и заеднички парк и градина.

Облакодерот Bentley Residences треба да биде изграден за четири години, а почетната цена на становите е 4,2 милиони американски долари.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more