Vrabotuvanje.com - Еве како изгледаат најчестите убоди од инсекти: Совет плус за прва помош во овие ситуации!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Еве како изгледаат најчестите убоди од инсекти: Совет плус за прва помош во овие ситуации!

Еве како изгледаат најчестите убоди од инсекти: Совет плус за прва помош во овие ситуации!

Дали некогаш сте виделе убод од инсект на своето тело и сте се запрашале од што може да биде?

Колку подобро сте информирани за инсектот што ве каснал, толку подобро ќе можете да интервенирате на каснатото место. Уште една дополнителна причина е тоа што некои од инсектите со својот убод може да пренесат и опасни инфекции.

Еве како изгледаат неколку од најчестите убоди од инсект:

Крлеж

Она што е страшно кај убодот од крлеж, е тоа што најверојатно нема да го осетите кога ќе се закачи за вас. Овие штетници неприметно каснуваат и ја цицаат крвта, а нивниот убод предизвикува црвенило коешто се протега во радиус од неколку сантиметри околку црвена или црна точка.

Комарец

Овие чести убоди изгледаат како мали црвени испакнатини на кожата и се со форма на круг или меур. Чешањето е најлош потег, бидејќи така кожата уште повеќе ќе се изиритира и ќе стане темноцрвена.

Оса

Каснувањето од оса е вообичаено болно, а ретко кога ќе го фатите на време да го видите. Убодите од оса многу чешаат и предизвикуваат црвенило и оток. Каснатиот дел е малку поголем од оној на комарецот и можете да видите каде е пробиена кожата.

Пчела

Пчелите се спремни да го изгубат својот живот кога ќе ве каснат. Откако ќе ја пробијат кожата тие не можат да го повлечат осилото и тоа останува забиено во вас, а се одделува од пчелата заедно со дел од нејзините органи и таа умира.

Болва

Најчесто овие каснувања се наоѓаат на нозете и се лесни за забележување бидејќи болвата каснува повеќе пати. Овие каснувања повеќе чешаат од убодот од комарец и на изглед се како мали, цврсти, црвени топчиња на кожата.

Вошка

Вошката најчесто се наоѓа на главата но има и видови на вошки што може да се појават на други делови од телото. Покрај тоа што нивното каснување многу ве тера да се чешате, тоа исто така остава и мали црвени точки на кожата.


​извор: exclusive.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more