Vrabotuvanje.com - Возилата на Tesla со систем за автопилот учествувале во најмногу несреќи во САД
Share
Tweet
Share
Send to friend

Возилата на Tesla со систем за автопилот учествувале во најмногу несреќи во САД

Во извештајот објавен од Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите (NHTSA) се наведува дека возилата на Tesla учествувале во 273 од вкупно 367 несреќи во кои учествувале возила со систем за автопилот од јули 2021 година.

Возилата на Tesla со систем за автопилот учествувале во најмногу несреќи во САД

По Tesla, следуваат возилата на Honda со вкупно 90 несреќи, а потоа и Subaru, чии автомобили со систем за автопилот учествувале во десет сообраќајки.

Трите американски држави со најмногу несреќи се Калифорнија (125), Флорида (34) и Тексас (33).

Во моментов во САД се користат околу 830.000 возила на Tesla со автопилот, како и околу шест милиони возила на Honda во истата категорија.

Во сообраќајките во кои учествувале овие возила животот го загубиле пет лица, а шест лица се тешко повредени.

Автопилотот прави некои дејства наместо возачот, дозволувајќи им да ги држат рацете подалеку од воланот долго време.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more