Vrabotuvanje.com - РКЕ одлучи: 50 отсто пониска цената за пренос на гас за когеративните електрани
Share
Tweet
Share
Send to friend

РКЕ одлучи: 50 отсто пониска цената за пренос на гас за когеративните електрани

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница донесе одлука за измени на Правилникот за начин и услови за регулирање тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас.

РКЕ одлучи: 50 отсто пониска цената за пренос на гас за когеративните електрани

Со измените, како што изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, се овозможува во периодот од 1 август до 15 октомври годинава, односно до почетокот на грејната сезона, цената за пренос на гас за ТЕ-ТО, КОГЕЛ и Елем енергетика да биде пониска до 50 проценти од реалната.

Тоа, како што кажа, се нуди заради значително намалената потрошувачка на гас во овој период од годината.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more