Vrabotuvanje.com - Помош поради инфлацијата: Rolls-Royce им дава по 2.300 евра на вработените
Share
Tweet
Share
Send to friend

Помош поради инфлацијата: Rolls-Royce им дава по 2.300 евра на вработените

Повеќе од 14.000 вработени во Rolls-Royce ќе добијат еднократна понуда за исплата од 2.000 фунти, или 2.331 евра, за да им се помогне поради зголемените животни трошоци во Обединетото Кралство.

Помош поради инфлацијата: Rolls-Royce им дава по 2.300 евра на вработените

Паушалот ќе почне да се дели на 3.000 вработени во рамки на нивната плата за август. Останатите 11.000 синдикални работници ќе добијат исплата откако нивниот синдикат ќе ја одобри сумата.

На почетокот на овој месец, банката Лојд објави мерки за да им помогне на вработените да се справат со зголемените трошоци. Сметките за енергија продолжуваат да растат, а инфлацијата во Велика Британија го достигна највисокото ниво во последните 40 години.

Ролс Ројс нуди најголемо годишно зголемување на платите

Портпаролот на Rolls-Royce изјави за Би-Би-Си дека 70 отсто од работната сила во Велика Британија ќе добијат исплата, додавајќи дека компанијата исто така „му нуди на персоналот најголемото годишно зголемување на платата во најмалку една деценија“.

Во тек се разговори со синдикатите за порамнување на платите за 2022-2023 година, рече портпаролот. Прашањето за трошоците за живот треба да биде фактор во овие преговори.

Компаниите сакаат да ги задржат своите вработени

Стапките на платите и мерките за помош на работниците во Велика Британија се зголемуваат бидејќи компаниите се обидуваат да регрутираат и задржат персонал, откако официјалните бројки покажаа помалку невработени отколку слободни работни места, за прв пат од почетокот на евиденцијата.

Извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more