Vrabotuvanje.com - Дали знаете на кои работни места се согоруваат најмногу калории?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали знаете на кои работни места се согоруваат најмногу калории?

Сè повеќе седиме на биро од осум до десет часа на ден и зјапаме во екрани. Денес, мозокот врши најголем дел од работата, додека кревањето и носењето товар е препуштено на машините.

Дали знаете на кои работни места се согоруваат најмногу калории?

Но, сè уште има некои работни места кои ви овозможуваат добро да вежбате и да заштедите од членството во теретана. Има занимања во кои учествувате со целото тело и на тој начин согорувате калории.

Експертите за фитнес спроведоа истражување и открија кои занимања согоруваат најмногу калории и се одличен избор за секој кој сака да биде активен.

Пожарникари – 5.080 калории дневно (1.300.480 калории годишно)

Шумари – 4.900 калории дневно (1.239.700 калории годишно)

Домаќинки – 4.480 калории дневно (1.146.800 калории годишно)

Фитнес инструктори – 4.128 калории дневно (1.056.768 калории годишно)

Земјоделци – 3.808 калории дневно (963.424 калории годишно)

Собирачи на ѓубре – 2.840 калории дневно (727.040 калории годишно)

Градежни работници – 2.754 калории дневно (696.762 калории годишно)

Трговци на мало – 2.544 калории дневно (566.720 калории годишно)

Стјуардеси – 2.380 калории дневно (595.000 калории годишно)

Рибари – 2.240 калории дневно (566.720 калории годишно)

Водоводџии – 2.000 калории дневно (506.000 калории годишно)

Полицајци - 1.632 калории на ден (412.896 калории годишно)

Дадилки – 1.600 калории дневно (404.800 калории годишно)

Келнери – 1.400 калории дневно (350.000 калории годишно)

Физиотерапевти – 1.340 калории дневно (335.000 калории годишно)

Шетачи на кучиња – 1.272 калории дневно (325.632 калории годишно)

Добавувачи - 880 калории дневно (222.640 калории годишно)

Фризери - 840 калории дневно (212.520 калории годишно)

Канцелариски работници - 600 калории на ден (151.800 калории годишно).

извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more