Vrabotuvanje.com - Јапонец изгубил УСБ на кое се наоѓале лични податоци на речиси половина милион луѓе
Share
Tweet
Share
Send to friend

Јапонец изгубил УСБ на кое се наоѓале лични податоци на речиси половина милион луѓе

Јапонец, чиј идентитет не е познат, изгубил УСБ на кое се наоѓале лични податоци на речиси половина милион луѓе. Тоа се случило откако се напил во еден ресторан во градот Амагасаки, северозападно од Осака.

Јапонец изгубил УСБ на кое се наоѓале лични податоци на речиси половина милион луѓе

Јапонецот бил неколку часа во ресторанот со колеги, а откако си заминал, сфатил дека му недостасуваат торбата и УСБ стикот.

Јапонскиот јавен емитер „NHK“ објави дека станува збор за маж во 40-те години. Тој работи во компанија која им овозможува услуги на домаќинствата ослободени од данок. На 21-ви јуни ги внел податоците на 465.177 лица на УСБ, а ден подоцна го изгубил истото.

Градските власти соопштуваат дека на УСБ стикот се наоѓале имиња и презимиња, датуми на раѓање, адреси, даночни податоци, броеви на банкарски сметки и информации за семејствата кои добиваат социјална помош.

Меѓутоа, податоците се шифрирани и заклучени со лозинка. Надлежните тврдат дека нема индиции дека некој се обидел да им пристапи на податоците. Градските власти им се извиниле на граѓаните, а како што навеле, длабоко жалат што ја нарушиле довербата на јавноста, пренесува „BBC“.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more