Vrabotuvanje.com - САСА по вторпат годинава ги зголеми платите на сите свои вработени
Share
Tweet
Share
Send to friend

САСА по вторпат годинава ги зголеми платите на сите свои вработени

Вработените во Рудник Саса добиваат зголемување на платите во висина од 4.300 денари, соопштија од менаџерскиот тим на Саса, со што просечната плата која ја обезбедува рудникот ќе била за околу 80 проценти повисока од просечната плата во земјава, која изнесува околу 30.000 денари.

САСА по вторпат годинава ги зголеми платите на сите свои вработени

Ова е второ зголемување на платите во рудникот годинава. Според генералниот директор на Саса, зголемувањата на платите се дел од нивната трајна определба за обезбедување благосостојба и социјална сигурност на вработените.

- Со зголемувањето на платата, вработените ќе бидат соодветно наградени за нивните постигнувања и напори. Истовремено, на овој начин сакаме дополнително да ги мотивираме нашите вработени, со цел да обезбедиме поголема продуктивност и ефикасност во работењето – порача директорот.

Рудникот Саса за олово и цинк се наоѓа на околу 12 километри од Македонска Каменица. Во него се вработени околу 700 лица, од кои 90 проценти се од локалната општина Македонска Каменица.

извор: fokus.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more