Vrabotuvanje.com - Хамбургер 1.300 денари!? Изгор цени на позната плажа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Хамбургер 1.300 денари!? Изгор цени на позната плажа

Хамбургер 1.300 денари!? Изгор цени на позната плажа

Пристигна летото, а со него и време за шокантни наслови за шокантни цени на уште пошокантни места.

Иако денес сите знаеме дека и во Дубровник може да се испие кафе по нормална цена, под услов да се тргнете од Страдун, се уште постојат и такви кои, после години и години иста приказна, суштински ќе ги потресат цените на одредени добра и услуги.

Токму таков е случајот во Туристичката населба Затон кај Задар, пишува 24 сата. За автомобил кој влегол во 13.20, а излегол во 19.49 наплатиле 250 куни (33 евра).

Високи се и цените на храната. Во Хвар парче пица чини 30 куни (4 евра), а за еден од најскапите хамбургери треба да извдоите 165 куни (22 евра или околу 1300 денари). На хварската плажа Боњ, порција компирчиња се продава за 6 евра, а сендвич чини 13 евра. Точено пиво, пак чини околу 4 евра.

На Хвар и за обично еспресо во кафуле се плаќа 2,5 евра, за шише вода околу 3 евра, а за топче сладолед 2 евра.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more