Vrabotuvanje.com - Го сруши Гинисовиот рекорд: 86 годишната од Бостон работи како стјуардеса повеќе од 65 години
Share
Tweet
Share
Send to friend

Го сруши Гинисовиот рекорд: 86 годишната од Бостон работи како стјуардеса повеќе од 65 години

86 годишна жена од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврдија Гинисовата книга на рекорди, објавија локалните американски медиуми.

Го сруши Гинисовиот рекорд: 86 годишната од Бостон работи како стјуардеса повеќе од 65 години

Бет Неш (почна да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines и продолжи да работи за American Airlines до денес без никаков прекин во вработувањето, Гинис го потврди светскиот рекорд на 1 јули.

Congratulations Bette Nash - a flight attendant for 60 years

Неш рече дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа и овозможува да се врати дома ноќе и да се грижи за својот син со хендикеп.

Според Гинис Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот.

Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.

„Требаше да бидеш одредена висина, требаше да имаш одредена тежина, ако качиш неколку килограми мора одма да ги симнеш или кратеа од плата “, изјави таа за WJLA-TV.

Извор: vesnik.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more