Vrabotuvanje.com - „КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 ден. за годишен одмор на своите вработени
Share
Tweet
Share
Send to friend

„КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 ден. за годишен одмор на своите вработени

Независно од комплексните економски услови „КАМ маркет“, доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените

„КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 ден. за годишен одмор на своите вработени

Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, „КАМ“ веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%.

Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари.

Малопродажниот дисконтен синџир број 1 во земјава, „Кам маркет“, покрај планираното зголемување на платите, на задоволство на вработените, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од 33.000 денари.

Станете дел од тимот на КАМ - Сите огласи за работа можете да ги видите на ЛИНКОТ

извор: kanal5.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more