Vrabotuvanje.com - Холандија усвои закон со кој работата од дома ќе биде законско право
Share
Tweet
Share
Send to friend

Холандија усвои закон со кој работата од дома ќе биде законско право

Холандскиот парламент го одобри законот со кој работата од дома се воспоставува како законско право, што ја прави Холандија една од првите земји во светот која овозможува законска работна флексибилност.

Холандија усвои закон со кој работата од дома ќе биде законско право

Со законот се принудуваат работодавачите да ги земат во предвид барањата на работниците за работа од дома доколку тоа е можно во нивните професии.

Пандемијата со Ковид-19 предизвика промена во работните навики, па голем број работници сега бараат да ја задржат флексибилноста која ја имаа претходниве две години. Сепак, оваа тема ги подели ставовите, откако најголемиот број компании се обидуваат да одговорат на растечката побарувачка откако мерките поради пандемијата започнаа да се укинуваат.

Минатиот месец директорот на Тесла, Илон Маск, упати ултиматум до неговите вработени да се вратат во канцелариите или да си поднесат отказ доколку не сакаат да го направат тоа.

извор: radiomof.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more